Србија-Косово

Белград и Приштина усвоија Декларација за исчезнатите лица

03.05.2023 09:44

Ситуацијата на Косово може да стане критична, по последната неуспешна рунда преговори, предупредува високиот претставник на ЕУ Борел. Нема приближување на ставовите во спорот Белград-Приштина.

Во рамки на дијалогот Белград – Приштина, кој се води под покровителство на ЕУ, Вучиќ и Курти усвоија Декларација за исчезнатите лица.

„Двете страни направија важен симболичен чекор кон формирање на Заедница на општини со српско мнозинство“, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

„И како што се очекуваше, ставовите на двете страни се многу различни за природата на здружението на општините со српско мнозинство во Косово. Но, тие се согласија да започнат преговори за иднината на оваа асоцијативна заедница во блиска иднина. Сакам да ги повикам двете страни, да се вклучат во овој процес конструктивно и со добра волја и да бидат подготвени да постигнат компромиси“, порача Жозеп Борел – Шеф за надворешна политика на ЕУ.

По состанокот со косовскиот премиер Курти, во Брисел, српскиот претседател Вучиќ објави дека состаноците не биле лесни и дека е „многу загрижен“. Тој рече и дека по „клучното прашање“ за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство е јасно дека Приштина не сака да ја исполни својата обврска од пред 10 години.