Руско - украински конфликт

Русија изврши воздушни напади врз неколу украински региони

03.05.2023 09:54

Дрон удри во зграда во реонот на Днепар, а останатите се испратени кон главниот град, соопштија украинските власти...

Во текот на ноќта, за помалку од една седмица, Русија ја почна третата рунда напади врз Украина. Дрон удри во зграда во реонот на Днепар, а останатите се испратени кон главниот град, соопштија украинските власти. Властите во Киев рекоа дека системите за воздушна одбрана ги елиминирале оние испратени над градот. Нема извештаи за жртви.

Уште еден воз излета од шините во руската област Брајанск, во близина на границата со Украина, соопштија локалните власти. Возот излетал од шините откако се активирала експлозивна направа.

Голем пожар избувна рано утринава во складиште за гориво на Русија, во југозападниот крај Краснодар, во близина на мостот на Крим. Според локалниот гувернер, во пожарот нема жртви.