СУДАН

Постигнат е договор за седумдневен прекин на огнот во Судан

03.05.2023 09:55

Началникот на суданската војска и водачот на паравоените сили за брза поддршка, се договорија примирјето да започне на 4-ти мај, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Јужен Судан...

Постигнат е договор за седумдневен прекин на огнот во Судан. Началникот на суданската војска и водачот на паравоените сили за брза поддршка, се договорија примирјето да започне на 4-ти мај, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Јужен Судан.

Борбите во Судан влегоа во третата недела и досега се убиени повеќе од 500 луѓе, додека околу 100.000 луѓе мораа да ја напуштат земјата, објавија претходно Обединетите нации.