њујорк

Ковачевски ќе има обраќање пред Советот за безбедност

03.05.2023 10:07

Премиерот Ковачевски во работна посета на САД, денеска ќе се обрати на седницата на Советот за безбедност на ООН...

Премиерот Ковачевски во работна посета во САД. Со делегацијата се Грковска, вицепремиерка задолжена за политики за добро владеење, и Османи, министер за надворешни работи. Во рамките на работната посета, која се одржува на покана на претседавачот на Советот за безбедност на Обединетите Нации, Швајцарија.

Денеска е предвидено обраќање на Ковачевски на отворената седницата на Советот за безбедност, во седиштето на Организацијата на обединетите нации во Њујорк. Премиерот ќе присуствува и ќе се обрати и на настанот организиран по повод одбележувањето на Денот на македонскиот јазик.

Во Вашингтон, Ковачевски ќе се сретне со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, специјалниот претставник за Западен Балкан и заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар, заменик-советникот за национална безбедност Џонатан Фајнер, советникот на државниот секретар на САД Дерек Шоле и со повеќе сенатори и конгресмени.