САД

Пентагон испраќа 1.500 војници на границата меѓу САД и Мексико

03.05.2023 10:08

Вашингтон очекува пораст на бројот на мигранти, по завршувањето на ограничувањата наметнати од пандемијата на коронавирус на 11-ти мај...

Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе испрати 1.500 војници на границата меѓу САД и Мексико. Вашингтон очекува пораст на бројот на мигранти, по завршувањето на ограничувањата наметнати од пандемијата на коронавирус на 11-ти мај.

„Во рок од 90 дена, овие 1.500 воени лица ќе ги пополнат критичните празнини. Воениот персонал нема директно да учествува во активностите за спроведување на законот. На границата има 2.500 членови на Националната гарда која активно учествува во откривање и следење нелегални премини“, информираше портпаролот на Пентагон, генерал Пет Рајдер.

Ограничувањата поради Ковид-19 им дозволи на американските власти да одвратат десетици илјади мигранти кои ја преминуваа јужната граница.