мвр
Приведен крадец од Куманово, фатен на дело
03.05.2023 10:40
Тој, со употреба на сила, од три патнички моторни возила на улица „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово одзел повеќе предмети, при што бил затекнат од полициски службеници...

Вчера во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Б.(36) од Куманово. Тој, со употреба на сила, од три патнички моторни возила на улица „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово одзел повеќе предмети, при што бил затекнат од полициски службеници.
Д.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.
