Македонија

Пендаровски на крунисувањето на кралот Чарлс во Лондон

03.05.2023 11:06

Од кабинетот на Пендаровски потврдија дека претседателот добил покана од Бакингемската палата, ја прифатил и ќе оди на крунисувањето на кралот Чарлс...

Претседателот Стево Пендаровски ќе ја претставува Македонија на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс што ќе се одржи в сабота, на 6-ти мај.

Од кабинетот на Пендаровски потврдија дека претседателот добил покана од Бакингемската палата, ја прифатил и ќе оди на крунисувањето на кралот Чарлс.

На крунисувањето се поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.