здравје

Бел слез - главен борец против настинки и грип

03.05.2023 11:21

Го поттикнува искашлувањето и се употребува при настинки, бронхитис, астма, воспаление на белите дробови и на грлото, го зајакнува имунитетот...

Белиот слез е распространет ширум целата планета. Со векови наназад важи за едно од најлековитите растенија. Голема е неговата моќност. Го поттикнува искашлувањето и се употребува при настинки, бронхитис, астма, воспаление на белите дробови и на грлото, го зајакнува имунитетот.

Изобилува со многу супстанции кои се корисни за човековото здравје. Растението содржи слуз, скроб, пектин, танин, минерални соли, ензими, растителни влакна, растителни масти, етерични масла, сахароза, скроб, јаглехидрати и фосфати.Свежите здробени листови помагаат при убод од инсекти.

Во традиционалната медицина се користи само коренот од бел слез. Се употребува и при проблеми со мочниот меур, бубрезите, при воспаление на дебелото црево, дијареја.

Многу често белиот слез се комбинира и со други лековити растенија како нане и камилица.