Појас Газа
Постигнат договор за прекин на огнот во Газа
03.05.2023 11:48
Претходно вчера, израелски авиони нападнаа цели низ Газа, додека палестинските вооружени групи отворија ракетен оган кон Израел, при што беа повредени три лица...

Израелските и палестинските вооружени групи во Газа се договорија за прекин на огнот со посредство на официјални лица од Египет, Катар и Обединетите нации. Претходно вчера, израелски авиони нападнаа цели низ Газа, додека палестинските вооружени групи отворија ракетен оган кон Израел, при што беа повредени три лица.
Нападите почнаа како одговор на смртта на еден од политичките водачи на палестинската група Исламски џихад, кој почина по штрајкот со глад во израелски затвор.
