Фармацевтите ги намалуваат бариерите со глувите и наглувите лица
Сертификатите на 50 обучените фармацевти на знаковен јазик од Скопје денеска им ги додели министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој истакна дека проектот е во насока на намалување на бариерите со кои се соочуваат глувите и наглувите лица во Македонија...

120 фармацевти добија сертификати за успешно завршена обука за знаковно толкување. Проектот овозможува полесна комуникација на фармацевтите со глувите лица и со лицата со инвалидитет.
Сертификатите на 50 обучените фармацевти на знаковен јазик од Скопје денеска им ги додели министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој истакна дека проектот е во насока на намалување на бариерите со кои се соочуваат глувите и наглувите лица во Македонија.
„Преку овие обуки во соработка со Националниот сојуз на глуви на наглуви лица и Фармацевтската комора на Македонија значително ќе им помогнеме на глувите и наглувите лица при купувањето лекови и контактите кои ги остваруваат во аптеките ширум Македонија. Од сега, па натаму 120 фармацевти ги знаат основите на знаковниот јазик и ќе можат полесно да комуницираат со глуви и наглуви лица“, посочи министерот за труд и социјлна работа, Диме Спасов.
И во наредниот период, истакна Спасов, ќе продолжиме со конкретни активности за намалување на бариерите со кои се соочуваат глувите и наглувите лица.
