МВР

Претрес во Прилеп, пронајдена марихуана

03.05.2023 14:03

Денеска, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода А.Ф.(40) од Прилеп...

Денеска, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода А.Ф.(40) од Прилеп. При претрес во домот и помошни простории кои ги користи, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.