Македонија

Состаник на работната група за изборните измени

03.05.2023 14:18

Работната група за изборни реформи прво ќе ги имплементира препораките на ОБСЕ-ОДИХР, па ќе работи на нов изборен законик. Претседателот Новаковски оптимист, имплементација на измените да почне шест месеци пред изборите. Апел, ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во работното тело, да ги соопшти забелешките..

Имплементација на забелешките на ОБСЕ ОДИХР и изготвување на нов изборен законик. Ова се двете точки на коишто ќе се фокусираат членовите на работната група, формирана со цел да испорача резултати најдоцна шест месеци пред изборите. Адвокатот и поранешен претседател на ДИК Александар Новаковски и официјално избран на претседател на групата.

Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, не делегираше претставник во групата. Порачаа, власта прво да излезе со предлог за една изборна единица, а тие да се вклучат во финализирање на законското решение. Од работната група уште еднаш ги повикаа да седнат на заедничка маса и одвнатре да ги достават предлозите.

Работното тело брои 40-тина членови, меѓу кои претставници на политички партии, експерти, невладини организации. Конститутивната седница помина без материјална расправа, а со работа почнуваат идната недела.

 

Анита Димитријевска Велковска