Италија

Уапсени 150 лица поврзани со италијанската криминална група „Ндрангета“

03.05.2023 14:37

Според германските јавни обвинители и полицијата на двете земји, осомничените се товарат за перење пари, измама и шверц на дрога, мафијашко злосторничко здружување и поседување и трговија со оружје...

Германската и италијанската полиција уапсија 150 лица поврзани со италијанската криминална група „Ндрангета“. Според германските јавни обвинители и полицијата на двете земји, осомничените се товарат за перење пари, измама и шверц на дрога, мафијашко злосторничко здружување и поседување и трговија со оружје.

Апсењата се дел од координирана акција „Еурека“ на Германија, Белгија, Франција, Италија, Португалија и Шпанија.