Македонија

Врховниот суд ги одби барањата на обвинетите во собраниските настани од 27 април

03.05.2023 15:18

Во соопштението, Судот наведува дека на седница одржана на 26-ми април која продолжила денес донеле одлука по барањето за вонредно преиспитување на пресудите на основниот и Апелацискиот суд, по што барањата се одбиени како неосновани...

Врховниот суд ги одби барањата на обвинетите во собраниските настани од 27-ми април за да им се суди од почеток. Во соопштението, Судот наведува дека на седница одржана на 26 април која продолжила денес донеле одлука по барањето за вонредно преиспитување на пресудите на основниот и Апелацискиот суд, по што барањата се одбиени како неосновани.

Претходно, Апелациониот суд Скопје донесе одлука по жалбите на 16-темина обвинети за насилството во Собранието и делумно ги потврди првостепените пресуди за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

На поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, Апелациониот суд му ја намали казната од 18 на 16 години затвор, а обвинетите Влатко Трајковски и Никола Митревски – Кољо се осудуваат на казна затвор во траење од по 14 години. Обвинетите Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто и Вилијам Михајловски се осудуваат на казна затвор во траење од по 13 години.

Апелациониот суд ја потврди ослободителната пресуда за обвинетиот Игор Дурловски.