Дорис Пак со порака до СДСМ: Покажете дека ја разбирате демократијата
Долгогодишната дипломатка вели дека е неприфатливо однесувањето на македонската опозиција, од СДСМ бара да го прифати изборниот резултат, за да не се турка земјата во нова политичка криза...

Опозициските пратеници да ги прифатат освоените пратенички мандати, наместо да бојкотираат конструктивно во Собранието да покажат дека ја разбираат демократијата, вели европратеничката Дорис Пак.
Долгогодишната дипломатка вели дека е неприфатливо однесувањето на македонската опозиција, од СДСМ бара да го прифати изборниот резултат, за да не се турка земјата во нова политичка криза.
„Мислам дека тие треба да ги прифатат иборите и да работат како добра опозиција. На демократијата и треба опозиција и мнозинство, па се надевам дека ќе сфатат дека тоа не е однесување на демократска партија“, вели Пак.
Пак е категорична дека сега не е време, ниту пак има потреба од нови избори. Од друга страна нема дилема дека однесувањето на опозицијата воопшто не придонесува за демократскиот дух, за слободната волја на граѓаните.
„Мислам дека нема потреба од други избори, има потреба да се сфати дека мора да се прифатат изборите и мора да се однесуваат од позиција на избрани. Односно опозицијата е опозиција, има и мнозинство, мора да ги научат демократските правила“, вели пратеничката од Германија.
За европските дипломати е речиси необјасниво што во услови на избори кои добиле одлични оценки партијата што изгубила не го прифаќа изборниот резултат.
