Одбележување на 120 години од смртта на Гоце Делчев
Денеска се одбележуваат 120 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев...

Денеска се одбележуваат 120 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. По тој повод македонски државни делегации ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Цвеќе на неговото вечно почивалиште, како што е најавено, ќе положи претседателот Стево Пендаровски, како и собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, во состав: Даниела Николова, Велика Серафимова Стојковска и Мерита Колчи-Коџаџику.
Во чест на учителската дејност, визија и мисија на учителот Гоце Делчев, а по повод 120 години од неговата смрт, на Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип ќе биде отворено историско катче во рамки на факултетот.
Поради одбележувањето на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев, МВР од вчера воведе посебен сообраќаен режим, информирајќи дека затворена за сообраќај ќе биде улицата „Самоилова“.
Гоце Делчев загинал на денешен ден во 1903 година во село Баница, денешна Грција, во битка со османлиските војски.
