199 санкционирани возачи во Скопје, 46 за брзо возење
На територија на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила....

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 38 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, четири санкции за возење под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
