Џафери учествува на 61. Генерално собрание на ПАБСЕК
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска и утре ќе учествува на редовното 61. Генерално собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК) во Анкара, Република Турција...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска и утре ќе учествува на редовното 61. Генерално собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК) во Анкара, Република Турција.
Како што информира собраниската прес-служба, учеството на Џафери е на покана на претседателот на ПАБСЕК проф. д-р Мустафа Шентоп.
Во состав на делегацијата се пратеничките Лидија Тасевска, шеф на делегацијата и членките Вјолца Адеми и Благица Лесовска и генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија Цветанка Иванова.
Џафери, во својство на специјален гостин, ќе се обрати на свечената седница по повод 30-годишнината на ПАБСЕК, во делот Самит на претседатели на парламенти на тема: „30-годишнина на ПАБСЕК: Заедничка географија, заедничка визија, заедничка иднина“.
