Од денеска почнува Саемот на книгата
Саемот ќе се одржува во Арената „Борис Трајковски“, a ќе учествуваат 50 најуспешни македонски издавачки куќи...

Меѓународниот саем на книгата, што годинава се одржува по 35 – ти пат се отвора денеска, а ќе трае до 10 мај и ќе се одржува под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“. Покровител е Министерството за култура. Саемот ќе се одржува во Арената „Борис Трајковски“, a ќе учествуваат 50 најуспешни македонски издавачки куќи.
Организаторите најавуваат богата седумдневна програма со над 60 издавачки куќи и со присуство на домашни и странски автори. Исто така, предвидени се и промоции на нови книги во официјалниот Промотивен центар во Арената, а на штандовите на издавачите се најавуваат едукативни работилници и цртање за најмладите посетители, како и средби со автори и потпишување книги.
