„Коха диторе“: Маж се заканувал дека ќе запали авион на лет од Цирих за Приштина
Држел во рака чкорче кибрит и шише со непозната течност заканувајќи се дека ќе го запали авионот веднаш по полетувањето...

Албанец на околу 35 години малтретирал патници за време на лет од Цирих за Приштина вчера, извикувајќи „Алах е голем“ и заканувајќи се дека ќе го запали авионот, пишуваат приштинските весници.
Држел во рака чкорче кибрит и шише со непозната течност заканувајќи се дека ќе го запали авионот веднаш по полетувањето. Во авионост имало над 150 патници, пишува приштинскиот „Коха диторе“.
Сите ќе одиме кај Алах! Сакате да одиме во рајот или во пеколот? Алах е бог, а Мухамед е неговиот пророк, во спротивно сме ништо, изјавил човекот, што ги малтретирал патниците на висина од десет илјади метри.
Косовската полиција не може да го потврди овој случај. Тоа не може да го направи ниту Валентин Гара, портпарол на меѓународниот аеродром во Приштина.
Патници во авионот изјавиле дека мажот бил совладан од страна на печалбар од Косово, кој познавал боречки вештини.
