Експлозии во Киев, Зеленски во Хаг
Погодена нафтена рафинерија на југот од земјата, нема жртви во пожарот што следел. Москва, прстот повторно го впери во Киев...

Нов напад со дрон во Русија. Погодена нафтена рафинерија на југот од земјата, нема жртви во пожарот што следел. Москва, прстот повторно го впери во Киев. Велат-Украина ретко презема одговорност за честите напади со беспилотни летала. Претходно Кремељ обвини дека Киев со дрон се обидел да изврши атентат врз Путин.
Зеленски пак, ги отфрли обвинувања велејќи дека руските власти бараат изговори за терористичките напади врз Украина. Ден по меѓусебните обвинувања, нови експлозии го разбудија Киев. Сирени се огласија и во Запорожје и Одеса.
Воздушните напади доаѓаат во истовреме кога украинскиот претседател Зеленски е во ненајавена посета на Холандија на разговори со премиерот Руте. Тој ќе го посети и меѓународниот Кривичен суд, кој ги истражува наводните руски воени злосторства во Украина.
