Франција

Отфрлен обидот за референдум за пензиската реформа

04.05.2023 10:06

Уставниот совет на Франција по втор пат го отфрли обидот на опозицијата преку распишување на референдум да се анулира владината реформа на пензискиот систем и да се задржи старото законско решение кое предвидува пензионирање на 62, а не на 64 години...

Уставниот совет на Франција по втор пат го отфрли обидот на опозицијата преку распишување на референдум да се анулира владината реформа на пензискиот систем и да се задржи старото законско решение кое предвидува пензионирање на 62, а не на 64 години.

Опозициските пратеници, главно од левицата, сакаа да почнат сложен процес за ревизија на Законот со надеж дека тоа ќе доведе до отфрлање на исклучително непопуларната пензиска реформа на Макрон, што беше усвоена минатиот месец и покрај огромните протести во земја.