Италија
Црвен аларм во Италија, пријавени жртви во поплавите
04.05.2023 10:10
Стотици луѓе се евакуирани, а противпожарните бригади имаат бројни интервенции по излевањето на реките и свлечиштата...

Најмалку две лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови коишто го зафатија италијанскиот регион Емилија-Ромања. Црвениот аларм и натаму е во сила. Најтешко се погодени Болоња, Форли, Модена и Равена.
Стотици луѓе се евакуирани, а противпожарните бригади имаат бројни интервенции по излевањето на реките и свлечиштата. Жолти предупредувања се издадени и за регионите Базилика, Калабрија, Сицилија и Ломбардија.
