МАР бара да се води повеќе сметка за давачките на концесионерите

12.05.2014 15:39

Рударството во Македонија зазема се позначајна улога во вкупното стопанство и од 2005 година наваму бележи постојан подем...

Бројот на активни компании во рударството лани достигна 164 и тие вработуваат над 10 илјади лица. Македонската асоцијација на рударството- МАР побара да се води повеќе сметка за давачките што ги плаќаат концесионерите, особено кога постојниот концесионер сака да продаде удел од својата концесија.

„Со новиот Закон за минерални суровини воведена е нова давачка која предвидува, доколку постоечкиот концесионер сака да продаде удел од својата концесија, да треба да плати 7 проценти од вредноста на проценетата концесија. Гледано од страна на државата, можеби тоа е исправно, но е нова давачка чие воведување можеби не е соодветно во време кога имаме подем на рударството“, рече претседателот на МАР Николајчо Николов на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека рударството во Македонија зазема се позначајна улога во вкупното стопанство и од 2005 година наваму бележи постојан подем. Во 2013 година вкупното производство во овој сектор е поголемо за 3,4 отсто во споредба со претходната година.