Ракомет
Извлечени двојките за ракометниот куп на Македонија
04.05.2023 12:52
Во просториите на Ракометната федерација на Македонија, попладнево беше извршена ждрепката за полуфиналето на националниот куп во машка и во женска конкуренција...

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија, попладнево беше извршена ждрепката за полуфиналето на националниот куп во машка и во женска конкуренција.
Двојките кај мажите се: Вардар – Алкалоид Еурофарм Пелистер – Тинекс Пролет. За пласман во финалето во женска конкуренција ќе се соочат: Вардар – Ѓорче Петров Металург – Куманово
Натпреварите од завршниот, „Фајнал фор“ турнир од Купот на Македонија оваа година ќе се играат во Охрид од 11 – 13 мај. Бранител на трофејот кај мажите е Вардар, а кај ракометарките ЖРК Металург.
