МАНУ

Промоција на Зборник „150 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев“

04.05.2023 14:45

Промоцијата на Зборникот „150 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев“. Од говорницата на Македонската академија на науките и уметностите потсетување за борбата и идеологијата на великанот. Авторот на Зборникот, Катерина Тодороска, упати остри критики до историчарите кои преговараат со Бугарија за делото на Делчев...

„Нам ни треба трет Илинден, 120 години по погибјата на Гоце Делчев“. На промоцијата на Зборникот за „150 години од раѓањето на македонскиот револуционер“, од говорницата на Македонската академија на науките и уметностите потсетување за борбата и идеологијата на великанот и вперување прст кон политичарите кои во сите години на независност на државата застранија од целта.

„За жал сведоци сме дека денес, 30-тина години од прогласувањето на нејзината независност, Македонија е повторно поробена земја, протекторат, вазал, банана држава, неоколонијален феут. Изберете кој било од овие термини нема да погрешите. За тоа исклучиво се виновни македонските политичари кои минатите 30-тина години поддржувајќи лукративни, сервилни, недостоинствени форми на владеење, поточно дивеење, ја трансформираа Македонија од слободна земја во поробена земја во која целосно се суспендираат Македонскиот уставен поредок и правен систем“, изјави академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ.

Авторот на Зборникот, историчарката Катерина Тодороска, вели дека Гоце Делчев е на пиедесталот на заслужните за македонската борба и затоа упати остри критики до историчарите кои преговараат со Бугарија за неговото дело.

„Кога ќе го видите составот на комисијата, ќе ви стане јасно дека таму нема луѓе коишто го имаат капацитетот за да разговараат со оние луѓе коишто се од другата страна“, изјави Катерина Тодороска, историчарка.

Од МАНУ повторија дека на Македонија денес науката и е потребна повеќе од кога и да е, за да се обединиме во целост.

 

Катерина Топалова