Јанкулоска: Соработка меѓу државите за борба против организираниот криминал
12.05.2014 15:51
Клучот за успех во борбата против криминалот е во градење интегриран механизам за соработка меѓу државите...

Процесот на глобализација донесе големи придобивки, но и безбедносни закани, тероризам, организиран криминал и корупција. Македонија е копнена врска меѓу Европа и Азија. Во овој момент во Европската Унија дејствуваат околу 3 илјади и 600 транснационални организирани криминални групи.
Клучот за успех во борбата против криминалот е во градење интегриран механизам за соработка меѓу државите, примена на нови современи техники и методологии во работењето на полициите.
Ова го порача министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пред присутните на регионалната обука „Партнерство за Едукациуја“.
