Протести во Израел поради реформата на правосудниот систем
Противниците на контроверзните правосудни реформи во Израел излегоа на протест во Тел Авив и други градови за да го засилат притисокот врз пратениците...

Противниците на контроверзните правосудни реформи во Израел излегоа на протест во Тел Авив и други градови за да го засилат притисокот врз пратениците. Кнесетот, по едномесечна пауза почна одново да работи. Водачите на протестот го нарекоа настанот повик за „еднаквост“ револтирани поради зголемените трошоци за живот, а учесниците побараа и ултраортодоксните Евреи да бидат ослободени од воена служба. Планот за судски реформи го втурна Израел во една од најтешките внатрешни кризи.
„Дојдовме да разговараме со нашите браќа, ултраортодоксните и да им кажеме дека ги сакаме, но мислиме дека тие треба да учествуваат во израелската заедница, барем во смисла на враќање на општеството.“
„Го правам она во што верувам, нема потреба да ме убедувате, ова е едноставна провокација, ова е единствено да се создаде хаос“, вели демонстрант.
