Регион

Тинејџерка со нож исекла ученик и професорка во училиште во Белград

04.05.2023 16:16

Тинејџерката која е на возраст од 16 години била совладана и приведена...

Поранешна  ученичкa во приватото средно училиште „Руѓер Бошковиќ“ во Белград со нож исекла другар (16 г.) и наставничка (44 г.), потврдeно e денеска во српското министерство за внатрешни работи.

Како што јави допсиникот на МТВ од Белград, наставничката е пресечена во пределот на раката.

Тинејџерката која е на возраст од 16 години била совладана и приведена од припадниците на МВР.