Вардар по чудо во Барселона, Металург фаворит со Тун
Најдобрите македонски ракометни екипи Вардар и Металург ги очекува седмиот викенд во Лигата на шампионите, последен пред речиси тримесечната зимска пауза. Нови пречки на патот кон посакуваното и многу реално осминафинале во елитната конкуренција им се шпанскиот великан Барселона и аутсајдерот во групата, швајцарски Тун.

Црвено - црните утре попладне ќе гостуваат во Шпанија кај фаворитот којшто досега им приредуваше само пекол на опонентите, но Вардар е тимот кој единствен му извлече бод со ремито во Скопје. Евентуален подвиг и во „Блауграна“ би значел и зголемување на шансите за пласман понатаму како трет, а не само како четврти на крајот од групната фаза.
Металург, пак, в недела во Скопје ќе има барем на хартија лесна задача со Тун, кого еднаш веќе го совлада во Швајцарија. Со победа македонскиот вицепрвак ќе го официјализира пласманот меѓу 16-те најдобри.
***
Ракомет, Лига на шампионите
Група Ц, 7.коло
Сабота, 16.15 Барселона-Вардар
Недела, 18.00 Металург-Тун
Драган Николовски