Германски „Билд“ открива: 400 американски платеници учествуваат во воените операции на истокот од Украина
Според весникот, станува збор за платеници на компанијата „Академи“, која до 2009 се викаше „Блеквотер“...

Околу 400 платеници на приватна американска воена компанија учествуваат во операциите на украинските безбедносни сили против проруските сепаратисти во источниот дел на Украина, тврди германскиот весник „Билд ам Зонтаг“.
Според весникот, станува збор за платеници на компанијата „Академи“, која до 2009 се викаше „Блеквотер“ и беше активна во борбените акции во Ирак.
„Билд ам Зонтаг“ наведува дека според податоците од комуникациите меѓу командните центри на руската армија, кои ги пресретнале американските и германските разузнавачки служби, платениците на „Академи“ ја координираат и раководат со операцијата на украинските сили против проруските сепаратисти во реонот на Славјанск.
