Медведев: Нападот со дрон врз Кремљ ќе доведе до ескалација на судирот во Украина
Прес-службата на рускиот претседател претходно објави дека Киев се обидел со дронови да ја нападне резиденцијата на шефот на државата Владимир Путин во Кремљ вчера во раните утрински часови.

Нападот на Киев со дрон врз Кремљ, предводен од САД и одобрен од раководството на ЕУ, ќе доведе до ескалација на конфликтот, изјави денеска заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.
„Високиот дипломат на Европската унија, Жозеп Борел, се изјасни против нападот врз Кремљ поради можната натамошна ескалација на конфликтот. Терористичкиот напад што го извршија властите во Киев, предводени од САД и одобрени од раководството на ЕУ, треба да го ескалира конфликтот. Токму тоа го сака Вашингтон и многумина во Брисел“, напиша Медведев.
Прес-службата на рускиот претседател претходно објави дека Киев се обидел со дронови да ја нападне резиденцијата на шефот на државата Владимир Путин во Кремљ вчера во раните утрински часови.
Кремљ овој инцидент го смета за смислен терористички напад и обид за атентат на претседателот.
