„Напред розово“: Во сабота ќе се чекори против ракот на дојката

12.05.2014 16:05

Поголемиот број случаи на рак на дојка се откриваат во многу доцна фаза...

Праксата покажала дека поголемиот број случаи на рак на дојка се откриваат во многу доцна фаза. Докторите проблемот го посочуваат во немањето организиран скрининг за карцином на дојка како што има во развиените земји. Во сабота под мотото „Напред Розово“ ќе се чекори против ракот на дојка. 

„Имаме дел од пациентите кои што се во порани стадиуми, но за жал имаме и пациенти кај кои што болеста е прилично локално напредната, што е многу жално да се види во денешни услови, пациенти кај кои што неможе дури ни да се спроведе хируршки третман, буквално речено запустени случаи“, вели д-р Дева Петрова, радиотерапевт- онколог во клиниката „Аџибадем Систина“.