Храна богата со железо
Железото е дел од секоја наша клетка и преставува клучен и многу важен минерал во одржување на целокупното здравје. Нашето тело не е способно само да го создава железото и затоа е потребно секојдневно да го внесуваме со исхраната.

Железото е основен и најважен елемент на хемоглобинот, кој го носи кислородот до сите клетки во телото овозможувајќи им го клеточното дишење кое е одговорно за создавање енергија и извршување на сите процеси во телото.
Железото е дел од секоја наша клетка и преставува клучен и многу важен минерал во одржување на целокупното здравје. Нашето тело не е способно само да го создава железото и затоа е потребно секојдневно да го внесуваме со исхраната.
Недостигот на железо кај децата предизвикува забавено растење и проблеми во однесувањето, кај бремените жени, кои што имаат дефицит на железо, има голем ризик од предвремено раѓање и мала телесна тежина на новороденчето.
Најголема концентрација на железо има месото и тоа најмногу во животинските изнутрици како што е црниот дроб (џигер).
За оние кои не се љубители на месото потребно е да внесуваат компир, маслинки, бадеми, спанаќ, брокули, грав, индиски ореви итн.
Повеќето јаткасти плодови и семиња се добар извор на железо. Покрај тоа, содржат и низа други здрави хранливи материи, а имаат и одличен вкус, па често се користат и како грицки.
