Свет

Бајден повика на прекин на конфликтот во Судан

04.05.2023 19:44

Американскиот лидер уште еднаш повика на „траен прекин на огнот“ меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка (РСФ).

Насилството во Судан е трагедија и треба да прекине, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден.

Бајден соопшти дека потпишал извршна наредба за зајакнување на овластувањата на американската Влада за воведување санкции против „поединци кои го загрозуваат мирот, безбедноста и стабилноста на Судан, ја поткопуваат демократската транзиција, користат насилство врз цивили и вршат сериозни прекршувања на човековите права“.

Американскиот лидер уште еднаш повика на „траен прекин на огнот“ меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка (РСФ).

Од 15-ти април во Судан трае конфликтот меѓу суданската армија, предводена од генералот Абдел Фатах Бурхан и Силите за брза поддршка на генералот Мохамед Хамдан Дагало.