Македонија
МВР: Претрес во Скопје, пронајдена дрога
04.05.2023 19:57
При претресот пронајдена е една полиетиленска кеса со околу 400 грама марихуана и полиетиленски кеси со околу 400 грама амфетамин, како и поголема количина на пари.

Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба од Основен суд Скопје, денеска извршија претрес во дом кај лицето М.Н. (24) во Скопје.
При претресот пронајдена е една полиетиленска кеса со околу 400 грама марихуана и полиетиленски кеси со околу 400 грама амфетамин, како и поголема количина на пари.
Лицето е лишено од слобода и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР.
