Политика

Мицкоски повторно го повика Ковачевски на телевизиско соочување

04.05.2023 20:07

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните во Битола истакна ласи дека нема да се смири сè додека нема одговорност за секој кој што се огрешил и да се спроведе правда.

На трибина во Битола, лидерот на опозицијата Мицкоски говореше за достапноста на документот за изградба на коридорите, за уставните реформи и за односите со Софија. Го повика својот ривал, премиерот Ковачевски на телевизиско соочување.

„Ако работеле чесно, ако имаат чесен квалитетен договор кој нуди иднина, ќе се појави на дуел. Очекувам одговор во најскоро време, јас и тој да излеземе на мегдан, на ТВ станица во време и ден кога нему му одговара, а јас ќе дојдам таму, само нека  каже еден ден однапред и ете ме мене заедно со Димитар Ковачевски очи во очи, без одложување. Народот сам нека процени кој е крадецот, а кој е кочничарот“, нагласи Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните во Битола истакна ласи дека нема да се смири сè додека нема одговорност за секој кој што се огрешил и да се спроведе правда.

„Ќе има одговорност за секој криминал, за секоја неправда, за секоја солза на македонската мајка, нејзино чедо и работник на чиј грб тие печалат пари. Нема да се смирам додека не го вратат украденото и додека не одговараат пред законите. Не само победа над нив, туку и одговорност. Мора да има одговорност“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.