За постабилна казнена политика, случаите ќе треба да завршуваат со спогодба

12.05.2014 16:08

За да не дојде до хаос во судството, постапките најчесто ќе треба да се завршуваат во обвинителството, преку спогодување.

Во земјава немаме ниту стабилна ниту воедначена казнена политика, смета јавниот обвинител Зврлевски. За исти дела различно се казнуваат сторителите зависно од апелациската област. Уште поризично е што изрекуваните казни беа многу ниски.

„Нема шанса, со ниту еден колега адвокат ,ниту било кој обвинет да се согласи да се договори во постапка кај јавниот обвинител да се прифати казна затвор каде што статиситиките укажуваат дека за такви кривични дела, десетина години наназад не е изречена казна затвор“, вели Марко Зврлевски, јавен обвинител на РМ

Казнената реформа го наметна донесувањето на правилникот за одмерување на казните, тврди претседателката на Врховниот Суд

Без донесување постоење на ваков правилник, новиот систем и модел што го регулира реформираното процесно и материјално право, во праксата ќе може непречено да функционира“, вели Лидија Неделковска , претседател на Врховниот Суд

Американски ексеперти деновиве споделуваат иксуства со нашите судии и јавни обвинители. Велат во америка правилникот е на федерално ниво и не е задолжителен но околу 80% од случаите завршуваат со казни во рамките на правилникот

„Во однос на несразмерностите со правилникот, 17 до 18% се пониски од пропишаните од правилникот, а околу 2% се повисоки од тие во правилникот. Секогаш постојат исклучоци врз кои не може да се примени правилникот затоа што секој случај не одговара на даден калап“, изјави Рикардо Хинохоса, претседател на Федералниот Суд –Тексас, САД

Оваа размена на искуствата е задоцнет, сметаат некои од адвокатите..  Имаа забелешки што правилникот е донесен без нивно мислење.. 

„Американските исуства ќе бидат абсолутно добредојдени, мислиме дека дури требаше и порано да се направи ова, далеку пред да се донесе нашиот правилник“, вели Никола Додовски, претседател на Адвокатска комора

Учесниците од овој собир сепак велат дека вклучувањето на  судиите, обвинителите, адвокатите и јавноста ќе помагне за да бидат сфатени реформите и да конечно да се почитува законскиот систем во земјава.

 

Фиљана Кока