Сообраќај
МВР: 126 санкционирани возачи во Скопје
05.05.2023 09:13
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, соопштуваат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
