Одбрана

Италијанскиот адмирал Џузепе Каво Драгоне во Скопје

05.05.2023 09:23

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне, денеска престојува во еднодневна посета на државава...

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне, денеска престојува во еднодневна посета на државава во рамки на која во Министерството за одбрана и ГШ на Армијата ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Главни теми на средбата, како што е најавено, ќе бидат унапредувањето на билатералната воена соработка, соработката во мировните операции и безбедносни иницијативи, процесот на трансформација и опремувањето на Армијата, обука и вежби, капацитетите на „АП Криволак“ и искуства од операциите предводени од НАТО.