УКРАИНА

Жестоки битки во Бахмут, „Вагнер“ со критики за Кремљ

05.05.2023 09:50

Непријателот пукал 399 пати кон позициите на украинските бранители во текот на изминатиот ден. Шефот на „Вагнер“ објави видео со критики кон руските функционери. Во видеото тој бара да му биде доставена муниција бидејќи Украина ја почнала најавуваната контраофанзива...

Ситуацијата во Бахмут останува една од најтешките на фронтот. Непријателот пукал 399 пати кон позициите на украинските бранители во текот на изминатиот ден. Шефот на „Вагнер“ објави видео со критики кон руските функционери. Во видеото тој бара да му биде доставена муниција бидејќи Украина ја почнала најавуваната контраофанзива. Воздушна тревога во Киев и околината поради напад со дронови, од кои најмалку еден е соборен, соопштија официјални претставници.

„Живеам во близина, син ми служи војска. Ме предупреди да ја напуштам зградата и да останам на улица по алармот за воздушен напад. Слегов и видов се како гори. Очигледно тоа беше рускиот дрон“, изјави Андриј Федченко, жител на Киев.

Нападите врз украинскиот главен град и други региони следи по обвинувањата од Русија дека Украина по сценарио од САД извршила напад врз Кремљ. Вашингтон ги отфрли обвинувањата. САД не ја поттикнуваат ниту и помагаат на Украина да врши напади надвор од своите граници и не одобрува напади на поединечни лидери, велат од Белата Куќа.