БРАЗИЛ

Федералната полицијата во Бразил откри над 6.000 парчиња нелегално оружје

05.05.2023 10:00

Ова е дел од програмата на претседателот Лула да Силва за намалување на бројот на пиштоли во рацете на цивилите, кој речиси тројно се зголеми за време на претходната администрација на Жаир Болсонаро...

Федералната полиција во Бразил откри над 6.000 парчиња нелегално оружје и уапси 49 лица во акција почната претходно овој месец. Ова е дел од програмата на претседателот Лула да Силва за намалување на бројот на пиштоли во рацете на цивилите, кој речиси тројно се зголеми за време на претходната администрација на Жаир Болсонаро.

Владата во Бразил се надева дека точно ќе утврди колку пиштоли и кои видови повеќе не се кај нивните првични сопственици и завршиле во рацете на криминалните групи.