ДЗС: Лани имало 32 милиони и 906 илјади такси возења
12.05.2014 16:25
Над 2 500 возила поминале над 70 милиони километри и реализирале над 30 милиони возења, велат од ДЗС.

Статистичките податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека Вкупно 32 милиони и 906 илјади патници минатата година користеле такси превоз.
Од нив, 30 милиони 508 илјади патници се возеле со такси превоз во градовите, додека 2 милиони 398 илјади патници користеле такси во меѓуградскиот сообраќај.
2.531 возило го извозеле вкупниот такси сообраќај, кои поминале вкупно 72 милиони 749 илјади километри, од кои 64 милиони 738 илјади во градскиот превоз и 8 милиони 011 илјади километри во меѓуградскиот превоз, велат од Државниот завод за статистика.
