Бајден повика на прекин на конфликтот во Судан
Бајден соопшти дека потпишал извршна наредба за зајакнување на овластувањата на американската Влада за воведување санкции против „поединци кои го загрозуваат мирот, безбедноста и стабилноста на Судан, ја поткопуваат демократската транзиција, користат насилство врз цивили и вршат сериозни прекршувања на човековите права...

Насилството во Судан е трагедија и треба да прекине, изјави американскиот претседател. Бајден соопшти дека потпишал извршна наредба за зајакнување на овластувањата на американската Влада за воведување санкции против „поединци кои го загрозуваат мирот, безбедноста и стабилноста на Судан, ја поткопуваат демократската транзиција, користат насилство врз цивили и вршат сериозни прекршувања на човековите права.
„Мислам дека би било прекрасно доколку нема потреба да се извршуваат санкции на еден или друг начин. Она што сакаме да се случи, двете страни да го спуштат оружјето е да престанат да се борат, да се вратат на масата, да работат на транзиција кон цивилна власт“, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Од 15 април во Судан трае конфликтот меѓу суданската армија и Силите за брза поддршка.
