АВСТРАЛИЈА

Ослободување на Џулијан Асанж, бара Ентони Албанес

05.05.2023 10:03

Според него, задржувањето на основачот на Викиликс во затвор „повеќе не служи за никаква цел“ и оти тоа е „фрустрирачки“...

Премиерот на Австралија, Ентони Албанес бара ослободување на Џулијан Асанж. Според него, задржувањето на основачот на Викиликс во затвор „повеќе не служи за никаква цел“ и оти тоа е „фрустрирачки“.

Асанж веќе четири години е во лондонскиот затвор Белмарш откако беше извлечен од Амбасадата на Еквадор.