Македонија

Влада Урошевиќ на Саемот на книгата ќе го потпишува „Романот на годината“

05.05.2023 10:25

Утре, во 13 часот, на Саемот на книгата во Скопје ќе се одржи ексклузивна средба со годинашниот добитник на престижните награди „Роман на годината“ и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, академик Влада Урошевиќ...

Утре, во 13 часот, на Саемот на книгата во Скопје ќе се одржи ексклузивна средба со годинашниот добитник на престижните награди „Роман на годината“ и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, академик Влада Урошевиќ. Ќе се потпишува романот „Вистинита, но не многу веројатна историја на семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, кој е во издание на „Арс Ламина“.

Ова е седмиот роман на Влада Урошевиќ, кој го оживува архаичниот македонски јазик, нестандарден роман, што ја раскажува историјата на скопското семејство Пустополски и им се обраќа на читателите преку своите протагонисти кои живееле во некое друго време.