Чашка го потврдува мотото на ЕУ

12.05.2014 16:26

Македонската рурална општина мора да го следи примерот на европските, каде што условите за живот на населението во рурални и урбани средини се еднакви...

Прва рурална дестинација на „ЕУ автобусот“ е Чашка, општина каде заедничкиот мултиетнички живот го потврдува мотото на Европската унија. Тука,  вели Роберт Лидл, преставникот на ЕУ во Македонија, се применува основното европско право, прифаќање на разликите што ги имаат двата етникума. Предностите од членство во Унијата се познати, но за Македонија сега неопходно е европските фондови да се приближат до граѓаните, така со европски пари ќе се јакне домашната економија.

„Со нас тука се преставници од ИПАРД агенцијата, преставници од Владата кои што се дојдени тука да разговараат со жителите на оваа населба на оваа општина да им објаснат како да аплицираат за различни грантови за трактори за земја итн“, рече Роберт Лидл.

Лидл и Пановски едногласни, македонската рурална општина мора да го следи примерот на европските, каде што  условите за живот на населението во рурални и урбани средини се еднакви.

„Секој што сака да живее како кај нас во рурална средина не значи дека треба да се откаже од сите оние услови кои ги има во урбаната средина“, рече Горанчо  Пановски, градоначалник на Чашка.

Колку пак децата од руралните средини знаат за ЕУ?!

„Роденден и е на 9-ти мај, има вкупно 28 земји членки, платежно средство во ЕУ е еврото“, „Сакаме Европа без граници бидејки само така ќе можеме меѓусебно да се дружиме“, велат анкетираните ученици.

Веќе по трет пат,  во месецот на унијата, десетина општини ќе бидат домаќини на „ЕУ автобусот“. Цел е преку дирекни средби, промоција на европските вредности.

 

Дијана Иванова