Во МОН средба со професори од областа на педагогијата и психологијата, социологијата, безбедноста и сајбер насилството
По настаните во Србија со повеќекратни убиства, во Министерството за образование и наука средба на универзитетски професори од областа на педагогијата, психологијата, безбедноста и сајбер насилството...

По настаните во Србија со повеќекратни убиства, во Министерството за образование и наука средба на универзитетски професори од областа на педагогијата, психологијата, безбедноста и сајбер насилството. Од состанокот се очекува да произлезат заклучоци кои ќе бидат институционален одговор за подигнување на грижата за правилен развој на младите.
„Какви генерации ќе создадеме не зависи само од наставниот кадар и стручните служби во училиштата. Тоа е обврска на сите општествени чинители. Случувањата во нашето соседство вклучија сериозен аларм дека институционалната, семејната и индивидуалната посветеност и грижата за правилниот раст и развој на децата треба да се подигнат на уште повисоко ниво“, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.
