мвр

Приведен дилер од Кочани, пронајдена дрога

05.05.2023 12:00

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана...

Вчера во 18.10 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Е.Д.(46) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.