Велика Британија
Вестминстерската опатија подготвена за крунисувањето на Кралот Чарлс
05.05.2023 12:56
Вестминстерската опатија е подготвена за историскиот настан, крунисувањето на Кралот Чарлс и Кралицата Камила. Над 2.000 гости, меѓу кои и шефови на држави и претставници на кралските семејства пристигнуваат во Обединетото кралство...

Вестминстерската опатија е подготвена за историскиот настан, крунисувањето на Кралот Чарлс и Кралицата Камила. Над 2.000 гости, меѓу кои и шефови на држави и претставници на кралските семејства пристигнуваат во Обединетото кралство.
На крунисувањето не се поканети лидерите на Русија, Белорусија, Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела.
Милиони гледачи покрај телевизиските екрани ќе го следат крунисувањето на британскиот монарх. Според британските власти, настанот е една од најважните безбедносни операции.
